Кинескиот Nio го претстави својот најголем модел, кросоверот ES9.
Долг е 5,37 метри и се одликува со современ и препознатлив дизајнерски стил со преден дел со облик на нос на ајкула и поделени светла.
Како што доликува на високопозициониран модел има напредни автономни способности а за погон се грижи архитектура на 900 волти. Електромоторите испорачуваат 700 коњски сили кои и покраj тежината од 2.850 килограми полетно ќе го дотераат до 220 километри на час.
Батериите обезбедуваат автономија од 620 километри а активното ослонување висок комфор за шесте патници.
Во внатрешноста облагородена со дрво и кожа е затскриена со електрохроматските стакла на задните врати а цените стартуваат од 66 илјади евра.


