Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ
Mercedes-Benz се грижи за мобилноста на Ватикан веќе 94, а во последните 45 години Папата ги користи реномираните „Папамобили“ базирани на Г-класата. Сега, за прв пат, Popemobile е целосно електричен.
Клучевите на рачно изработениот официјален автомобил на Папата му ги предаде извршниот директор на компанијата Ола Калениус. Ова значи дека Папата ќе патува локално без емисии на штетни гасови, но нема никаков податок за големината на батеријата и автономијата на возилото.
Единствено се споменува дека G580 EQ ги исполнува високите барања и е развиено во тесна соработка со Ватикан специјално за употреба на Папата. Затоа покривот е отстранет, а во случај на дожд или лоши временски услови, посебен тврд покрив нуди заштита за возачот, совозачот и, се разбира, за неговата Светост.
Во задниот дел, клупата е заменета со централно поставена фотеља што се врти и овозможува флексибилно движење и обраќање на публиката од различни агли. Папамобилот има четири мотори, по еден во близина на секое тркало, и приспособен е да се движи со мали брзини. Бидејќи е дел од специјалната програма на Mercedes-Benz сите технички податоци и нивото на заштита се завиткани под велот на тајната.
Сепак деклариранa е комбинираната потрошувачка на струја од 30,4-27,7 kWh/100 км која нема да ве воодушеви, ниту Папамобилот да го класифицира во економичните.