Точно за една недела Peugeot ќе го претстави концептот Polygon. Неговото име беше најавена пред два месеци а сега ја добивме првата официјална фотографија од надворешноста со изразен мачкаст дизајн кој ни дава поглед во иднината на дизајнот на „лавот од елисејските полиња“. Веќе од првата фотографија се забележува дека Polygon ќе располага со иновативен интериер и револуционерната контрола на управување Hypersquare комплетирана со Steer-by-Wire технологија.
Пред да се случи светската премиера на 12 ноември во 13 часот заинтересираните можат да го посетат Peugeot Polygon City, остров кој е создаден од Gameloft, лидер во развојот и објавувањето на мултиплатформски игри. Ова забавно, импресивно и иновативно искуство е отворено за сите, за фановите на марката и гејмерите.


