Naran – Нов хипер автомобил

Вести Занимливости

Со бензин против струја!

Хипер автомобилот Naran се може да се трансформира

објавено 04. февруари 2021

1.048 коњи во електричен автомобил е вредност на која се навикнуваме, но кај бензинците да се добие таа сила е предизвик! И тоа од повеќе аспекти. Во деценијата во која ќе загосподарат електричните автомобили, од кои добар дел имаат апсурдна моќност, да се развива хипер автомобил со би-турбо V8 мотор е егзотична идеја. Тоа и го направија во Naran Automotiv агресивно оружје на патеката, како и предмет на убавина. Ваквиот инженеринг овозможува на клиентите да го прилагодат хипер-купето со четири седишта за да ги задоволат нивните индивидуални потреби, без разлика дали се на патеката. Вистинската трансформација од предмет на елегантна естетика во тркачки болид трае 20 минути колку е неопходно за инсталирање на аеродинамичниот пакет. Naran Hyper Coupe има погон на сите тркала, забрзува од 0-60 миљи на час за помалку од 2,3 секунди, и 0-100 м/ч за 4,56 секунди, со очекувана максимална брзина од над 295 км/ч. Јовин Вонг, основач на Вин Дизајн и визионер зад кого стојат егзотичните проекти Apollo IE и De Tomaso P72, го предводи дизајнот, додека боите и материјалите ги прилагодува Кејт Монтгомери, поранешен дизајнер на Aston Martin Lagonda. Нарачаниот пет литарски твин-турбо V8 мотор, кој произведува 1.048 коњи и 1.036 Nm вртежен момент, се подготвува во Германија со партнерите Racing Dynamics. Одлучено е да се произведат само 49 примероци на Naran и секое возило ќе биде индивидуално прилагодено на личниот вкус на колекционерот, вклучувајќи и назначување нарачано име на моделот, обичај кој се практикува кај луксузни суперјахти и бродови. Можеби тоа ја наговестува цената на Naran која може сериозно да се доближи на седум цифрен износ!