На кафе со – Opel Mokka

Шармантниот кросовер ни беше домаќин на матинето и се претстави со својот освежен изглед

Во автомобилскиот свет животниот циклус на моделите се продолжува преку редизајнирање. Овој циклус вообичаено се прави во интервали од три до четири години. Таков е случајот со Mokka.

Овој модел е првиот на „Молњата од Руселсхајм“ што го понесе новиот стилски јазик на компанијата. Раководени од мотото „ако не е расипано, не го поправај“, дизајнерите на Opel се потрудија визуелните ажурирања да бидат дискретни и препознатливи само за искусно око.

Домаќините свесни за тоа приредија лежерна атмосфера и, во кафе муабет, го претставија својот адут и направените суптилни зафати кои ќе ја држат Mokka атрактивна за купувачите. Opel Vizor гордо ја дефинира предницата на која редизајниран е предниот браник, за кој се вели дека ја подобрува аеродинамиката и ги нема светлата за магла од долниот дел.

Графиката на предните и задните светла LED светлата се приближи на графиката на Frontera и Grandland, со три вертикално распоредени блокови. Во име на екологијата исфрлени се сите хромирани елементи и се заменети на црните надворешни акценти.

Во внатрешноста, дигиталната кабина со двојни 10 инчни дисплеи сега е стандардна опрема, со освежана инфозабава. На централниот дисплеј има графика слична на паметните телефони, подобрено се препознаваат гласовните команди и интегриран е ChatGPT.

Како кај сите членови на семејството Stellentis за движењето задолжен е 1,2 литарскиот трицилиндричен мотор со турбополнач. Појдовна верзија е онаа со мотор без хибридна поддршка од 136 КС што ја испраќа силата на предните тркала преку шест брзински мануелен менувач која чини 21.990 евра.

Изведбата со благ хибрид со шест степен автоматски менувач и системски 145 КС започнува од 26.300. Круна на понудата на Mokka ќе биде верзијата со електричен погон чиј мотор од  156 КС ќе добива енергија од батерија од 54 kWh. Таа стартува од разумни 36.000 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER