Студентите на Техничкиот универзитет во Минхен го развија електричниот автомобил со најдолг дострел во светот.
Експериментирањето и паметното користење на ресурсите може да доведат до спектакуларни резултати. Тоа го докажаа студентите на Техничкиот универзитет во Минхен кои со своето модифицирано возило Muc022 поставија Гинисов рекорд во помината километража со едно полнење на батериите. За да се реализира возењето помогна минхенскиот аеродром кој обезбеди празен хангар, што го направи тимот независен од временските услови. TUfast Eco Team во својот Muc022, кој тежи 170 килограми и има коефициент на отпор од 0,159, поставија батерија со капацитет од 15,5 киловат часови која го хранеше моторот од 400 вати цели 99 часа возење, време во кое се поминаа 2.573,79 километри. Потрошувачката изнесуваше 0,6 киловат часови на 100 километри.