Нова димензија на шопингот!
Мотоцентар Галерија во Ист Гејт Мол е опремена според последните светски трендови
Денеска започна со работа деветтата продажно-сервисна точка на “Мотоцентар“, именувана како “Мотоцентар Галерија” со локација во трговскиот центар “Скопје Ист Гејт“. Сега ќе можете времето поминато во шопинг или забава да го надополните со уште една завршена работа. На своите клиенти Мотоцентар им овозможува да закажат термин, да го остават своето возило во новиот сервисен центар и да уживаат во шопингот додека нивното возило добива нови пневматици, тркала или пак се сервисира.

“Мотоцентар Галерија” е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, “Мотоцентар Галерија“ овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, тркала од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила. Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите “Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на “Мотоцентар Галерија“ се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на тркала. Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, “Мотоцентар Галерија“ ги доближува светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко, во Регионот.

“Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите Клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години “Мотоцентар“ започна да еволуира од сервис за пневматици во “One Stop” сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај препреките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – направивме детални процени и анализи и земајќи ги предвид побарувањата на Клиентите, го збогативме нашето “Мотоцентар“ семејство со нов, премиум формат – “Мотоцентар Галерија“.
Она што “Мотоцентар Галерија“ ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата Држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на “Мотоцентар Галерија“, г-дин Горан Гроздоски, Сопственик на “Мотоцентар“.
Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат “Мотоцентар Галерија“ во “Скопје Ист Гејт“, секој ден, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.


