Morgan – Super 3 Фото галерија

Со три тркала и три цилиндри во иднината!

објавено 25. февруари 2022

Ваква храброст може да имаат само марките со долга традиција.

Морган во својата 113 години стара историја се наметна како специјалист за несекојдневни модели со изразена спортска нота. Последниот пример е новото издание на минималистичкиот родстер Super 3 кое ќе биде претставено во јуни. Двоседот долг 3,85 метри има алуминиумска платформа и монокок конструкција. Тука стартуваат фактите во знакот на бројот три. Super 3 е поставен на три тркала и го движи три цилиндерски 1,5 литрен мотор на Ford со 118 КС (83 kW). Благодарение на малата тежина од 635 килограми, Morgan Super 3 забрзува од 0 до 100 km/h за седум секунди и достигнува максимална брзина од 209 км/ч. Брзините се менуваат со помош на петстепен менувач од Mazda MX-5. Вака стокмената „тројка“ се продава по цена околу 50.000 евра. Таа може значајно да нарасне поради понудените 200 опции и додатоци, дел од дополнителната опрема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER