Morgan – Plus Four CX-T

Занимливости насловна

Roadster забава надвор од патот!

Традиционалнен „островски дизајн“ подржан од баварска техника

објавено 09. август 2021

Британците не се откажуваат од желбата да доминираат во сегментот на носталгичната егзотика. Овој пат изненадувањето дојде од малосерискиот производител Morgan познат по своите модели чија конструкција и изглед се неизменети повеќе од еден век, но редовно модернизирани во складот со времето.

На прв поглед теренската верзија на четириседот Plus Four наидува на различни коментари. На некои им е без резон, на некои има се допаѓа, некои пак велат дека буди носталгија на Викторијанскиот период… Но, прикаската добива поинаков тек кога се најавени само осум примероци на Plus Four CX-T. Промените се обемни и се насочени кон зголемен капацитет за носење многу багаж. Две резервни тркала, алатки за брза репарација и растојание од земја што е зголемено на импресивни 23 сантиметри служат за подобрување на својствата на теренот.

Morgan се потпира на системот за погон на сите тркала на BMW, кој може електронски да се прилагоди на различни услови на подлога. Под долгата хауба се наоѓа 2.0-литарски четирицилиндер од баварско потекло, кој ги пренесува своите 258 КС преку, адекватен за оваа пригода, шестстепен мануелен менувач на сите четири тркала. Секој од осумте примероци, кој чини нешто повеќе од 200.000 евра, најверојатно брзо ќе бидат распродадени. Од исходот ќе зависи идниот чекор. Дали Morgan во блиска иднина ќе направи дополнителни теренски варијанти? Ако го пропуштивте тековниот CX-T, можете да се утешите со обичниот Plus Four. Основниот модел со погон на задните тркала за извоз чини околу 59.000 евра.