Париз се врати по 4 години отсуство
На добро познатата локација но во нов формат, по четири години отсуство автомобилскиот свет повторно се собира во Париз. По неговото откажување заради пандемијата францускиот автомобилски салон на задоволство на сите донесува добри вести, иако во доста редуциран обем заради малиот број изложувачи. Се соочивме лице в лице со новитетите кои ги има во скромен број, но скоро сите до еден се значајни, секој на свој начин. Организаторите се воздржаа од прогнози колку луѓе ќе ги видат почнувајќи од утре – денес е новинарскиот ден. А еве што можеа да забележат објективите на оние што дојдоа тука во Париз, меѓу кои е и Авто Магазин.