Mobilize Duo EV – Рационална урбана мобилност

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Урбана герила

Натрупаните градски средини покрај екологијата се судруваат со сообраќајни проблеми. Токму поради тоа на пазарот доаѓаат практични и рационални решенија кои во голема мерка ќе го осленат движењето и паркирањето.

Една таква солуција ни ја претставува Mobilize преку електричниот четирицикл Duo EV  чија структура е изработена со 50% рециклирани материјали. Како што доликува на модерните начини на пласирање, кога ќе дојде на пазарот  до крајот на следната година, Duo ќе биде достапен на претплата или долгорочен закуп. Тој е целосно електричен, 95% може да се рециклира и е наменет за приватни купувачи и за флоти на компании или за оператори за споделување автомобили.

Ќе биде достапен и како карго варијанта наречена „Bento“, која ќе дебитира некаде во 2024 година. Duo е ултра компактен, со димензии од само 2,43 метри должина, 1,30 метри ширина и висина од 1,46 метри, па теоретски може три од овие возила нормално да се сместат на стандарден паркинг простор. Неговиот дизајн е инспириран од видео-игри, со две големи странични врати кои се отвораат нагоре, обвиткани браници за заштита од секојдневните удари и LED светла.

Во меѓувреме, внатрешноста може да се пофали со приспособлива контролна табла, а рачката на менувачот ќе ја најдете лево од воланот. Други карактеристики вклучуваат USB-C приклучок, држач за паметни телефони, две прегради за складирање, пристап без клуч и палење, плус, се разбира, целосно обложени седишта, кои се позиционирани во тандем.

Напојувањето на Mobilize Duo е единечен електричен мотор одзади, достапен во две различни верзии. Првата ќе ви овозможи да забрзате до 45 км на час, што значи дека во зависност од земјата, можете да возите ако немате возачка дозвола, додека втората може да достигне 80 км/ч иза неа ќе треба возачка од Б категорија. Што се однесува до неговиот опсег, Duo наводно може да помине 140 километри со едно полнење, така што може многу добро да се справи со секојдневното патување до и од работа на повеќето луѓе.

Исти перформанси треба да има карго верзијата Bento, но има затворен багажник на задната страна наместо совозачко седиште, плус карго кутија. Може да им обезбеди на корисниците близу 700 литри употреблив капацитет па е погоден за градска достава. Повеќе поединости се најавени за средината на идната година.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER