Нова верзија на евергринот
Mitsubishi неодамна потврди лансирање на 16 нови модели за следните пет години и сега прикажува еден од нив.
Преку XRT Concept, на Бангкок Мотор шоу, Mitsubishi даде преглед на шестата генерација на пикапот L200 кој на азијскиот пазар е познат под името Triton. Токму од таму ќе започне продажбата во септември додека за остатокот од планетата сѐ уште нема информација.
Mitsubishi не ги даде спецификациите на возилото, но се очекува дека L200/Triton ќе се заснова на преработената верзија на шасијата на Nissan Navara. Иако е најавен електричен пикап, тоа нема да биде овој за кого се предвидени бензински и дизел мотори, најверојатно лесно електрифицирани.
Дебито на новата генерација Triton/L200 е од големо значење за Mitsubishi и се случува по девет години откако моделот од петтата генерација беше претставен во 2014 година, пред да добие фејслифт во 2018 година. Пикапот е најпродаваниот модел на компанијата, се произведува во Тајланд и се извезува на околу 150 пазари низ светот.



