Среда ќе биде голем ден за Mitsubishi (видео)

Новиот Pajero чука на вратата

Она што долго време се најавуваше и очекуваше сега станува реалност – Mitsubishi во среда ќе го претстави новиот Pajero. Петтата генерација на легендарниот теренец ќе ги задржи карактеристиките на своите претходници и ќе остане чистокрвен и бескомпромисен во битката со сите искушенија што ќе му се испречат. Во духот на времето ќе добие нова концепција на кабината и модерни технички решенија. Погонот на сите тркала ќе биде електронски контролиран а возењето на тешки терени ќе може да се следи преку дигитални инструменти кои ќе ги покажуваат актуелните параметри – надморската височина, нагибот на возилото, надворешната температура, распределбата на вртежниот момент и друго.

За техниката нема податоци. Ќе ја користи механиката на пикапот L200 а се очекува да биде задвижуван од 2,4 литарски агрегат кому ќе му помагаат два електромотора. Ќе се произведува во Тајланд.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER