Само за вистински вљубеници во марката
Поминаа три години од лансирањето на MINI Electric, а сега доаѓа неговата кабриолет изведба
Популарноста на MINI ги пробива вообичаените стандарди. Оние што малиот оксфордец го сакаат, тоа го прават безрезервно.
Токму на тие е наменета електричната кабриолет верзија која ќе се произведе точно во 999 примероци. Секој од нив ќе биде опремен со однапред утврдена спецификација, но како куриозитет за сопствениците, секое ќе биде видливо обележено со серискиот број. Иако е компактен по димензии, електричниот кабриолет ги има сите манири на ексклузивен автомобил.
За него резервирани се површини финиширани со пијано лак, дво бојните тркала се направени од рециклиран алуминиум, а во целиот процес на производство се внимава за еколошкиот отисок кого компанијата го применува во сите процеси. Погонот е во целост превземен од актуелниот електричен првенец.
На располагање се 135kW кој забрзува од стоење до 100 км/ч за 8,2 секунди и може со едно полнење да пружи автономија до 200 километри. Продажбата му започнува во април, а секој од ограничените 999 примероци ќе чини 60.000 евра.


