Mini Aceman – Електричниот фраер напаѓа

Aceman го има она што е потребно за да наелектризира многу заслепени обожаватели. Со започнувањето на продажбата покрај изгледот, има и атрактивна цена.

Трансформирањето на концептот на автомобилите стар 65 години во модерно време е тешка задача. Започнат како практичен мал автомобил, Mini стана култен автомобил, победник на рели натпревари и срцекршач. Четвртата палета возила на Mini развиена под покровителство на Баварците сега треба да го покаже патот кон иднината.

Aceman, кој доаѓа како замена за Clubman, повеќе од еден метар е подолг од оригиналниот модел од 1959 година, има петаголни фарови наместо тркалезни, четири врати и вистинска задна врата. Од оваа гледна точка, дизајнерскиот тим направи сè како што треба. Aceman е малку поголем брат на Cooper со три врати и е достапен само со електричен погон.

Батеријата се наоѓа во подот на возилото давајќи низок  центар на гравитација што дава позитивен ефект на возните својства. На надворешниот дизајн не е премногу изразен ретро пристапот. Широките браници и тркалата од 18 инчи изгледаат спортски. Седењето е малку повисоко отколку во Cooper. Седиштата се убаво оформрни и може да бидат покриени со ткаенина или имитација на кожа.

Препознатлив дел во внатрешноста е големиот OLED екран. Тоа е убав детал, бидејќи потсетува на брзинометарот во средината на оригиналниот Mini. За Aceman предвидени се три различни силини. Основната изведба е со мотор од 135 kW (184 КС), во SE е 160 kW (218 КС), а врвниот модел John Cooper Works, Aceman има 190 kW (258 КС) и  „фаќа стотка“ за 6,4 секунди.

Тоа е доста добро за автомобил со тежина од 1700 килограми. John Cooper Works достигнува максимална брзина од 200 км/ч, додека основната изведба 160 км/ч. Потрошувачката и перформансите на полнење на Mini Aceman не се извонредни, но се пристојни: батеријата на Aceman се полни од десет до 80 проценти за околу половина час. Има две големини на батерии (38,5 и 49,2 kWh), кои ветуваат опсег помеѓу 300 и 400 километри.

Гледано на овој начин, Aceman е брз електричен автомобил, практичен и со иконски детали. Релативно добрата цена, во Германија започнува од 30.650 па се до 41.800 евра за JWC, се должи на потеклото на Mini. Како и неговиот брат со три врати, Aceman е развиен со поддршка на кинескиот производител Great Wall Motors и се произведува во Кина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER