За разлика од некои други марки, MINI не се потпира само на електрична енергија.
Петтата моделска генерација на Cooper ќе продолжи да биде достапна со мотори со согорување. Во иднина возилата со бензински мотори ќе имаат C во името на моделот или S за помоќната верзија.
Лансирањето на пазарот е во мај. Тогаш на сцена ќе стапи трицилиндерскиот MINI Cooper C кој испорачува 156 КС и 230 Nm вртежен момент. Од место до 100 км/ч ќе му требаат 7,7 секунди.
Посилната верзија е со четири цилиндерски мотор и наречена е Cooper S која има 204 коњи и 300 Nm, а забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,6 секунди. Стандардната потрошувачка е помеѓу 5,9 и 6,7 литри на 100 километри.
Најзабележително остварување, покрај динамичните карактеристики, е овалниот OLED централен дисплеј кој има дијаметар од 24 сантиметри и има логика на работење како паметен телефон. Во Македонија веќе е присутен MINI Countryman кој ги има истите паметни остварувања како што се најавени и кај Cooper. рачката на менувачот, која сега се наоѓа во лентата со прекинувачи.