Microlino Lite – за 14-годишници

Отсуството на бројните изложувачи на салонот во Женева на некои добро ќе им дојде

Младите ќе имаат уште една скапа играчка на располагање. Амбициозната швајцарска компанија Microlino која пред осум години го освежи автомобилскиот етер со модерната интерпретација на Isetta не се откажува од своите соништа. Неверојатно слаткото мало автомобилче сега го подготвија и во верзија со лимитирана сила и брзина правејќи го во некои европски земји легално за млади со наполнети 14 години. Изгледот е идентичен, а електромоторот од 12 коњски сили ќе го дотера само до 45 километри на час. Но затоа батериите ќе издржат 93 километри, а во подготовка е и верзија со скоро двојно поголема автономија. Внатрешноста во која има место за двајца е уредена да им се допадне на тинејџерите, а цената сигурно не на нивните родители –  таа е поставена на високи 16.500 швајцарски франци. Заедно со стандардната  верзија ќе се произведува во фабриката во Италија, почнувајќи од јуни годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER