MG ја прошири европската понуда со уште еден нов модел.
Означен како S5 EV, овој кросовер ја дели платформата со MG4 и ќе ја замени електричната верзија на ZS кој во својата втора генерација претставена минатото лето е достапен само како хибрид.
Има слични димензии но значително е поатрактивен од него. Внатрешноста е пространа и современо обликувана, со дигитален инструмент-кластер интегриран во командната табла, голем централен екран и одвоени команди за климатизацијата.
Во основната верзија електромоторот сместен назад има со 170 коњски сили, а батериите се доволни за скромни 340 километри. Поголема практичност нуди изведбата со 231 коњска сила и автономија од 480 километри. Цените во Велика Британија се поставени на почетни 28.500 фунти, а продажбата во другите европски земји ќе започне за некој месец.


