SAIC, сопственикот на MG, ќе вложи 135 милиони долари во новата фабрика со иницијален годишен капацитет од 50.000 возила
Во вториот квартал на 2026 додина SAIC ќе започне со производство на возила од брендот MG во Египет. Ова е важен чекор во тековните глобални проширувања на брендот и ќе го позиционира MG блиску до европскиот и африканскиот пазар со цел да ја намали зависноста од кинеското производство.
Со таа цел SAIC потпиша договор со египетската Ал Мансур Аутомотив Груп, а фабриката ќе се наоѓа во индустриската зона Нов Октомври Сити, кој Египет го опишува како најнов од неговите „градови од четвртата генерација“. Фабриката на MG ќе се протега на 126.000 квадратни метри и ќе може да произведува 50.000 возила годишно во првата фаза. Капацитетот подоцна ќе се зголеми на 100.000 единици. Ова ќе овозможи дури 10.000 директни и индиректни работни места.
Освежениот MG5 ќе биде првиот модел произведен во фабриката. Во следната фаза на истата локација ќе се произведуваат неколку кросовери и новоенергетски возила. Во изминатите 18 месеци SAIC работи на изнаоѓање на локација во Европа каде би се произведувале исклучиво ЕВ. Брендот размислуваше за изградба на локацијата во Шпанија, Унгарија или Чешка, но најверојатно, тоа ќе се случи во Шпанија што ќе му помогне на кинескиот производител ги избегне воведените царини од страна на ЕУ за електричните возила од кинеско производство кои се увезуваат и продаваат низ цела Европа.