MG најавува возбудлив мал БЕВ кој воедно ќе биде и достапен
Ретро стилот инспириран од успешните модели кои господареа во последните декади на минатиот век, задвижувани со електричен погон, стана задолжителен стил на „традиционалните производители“.
Трендот го започнаа Renault E5, Mini Cooper E и Peugeot е-208 GTi. MG е британски бренд под владение на кинезите, но не се откажува од своето минато. Концептот за електричен мал автомобил со спортски шарм, кој потсетува на MG Metro од 1980-тите, го покажува тоа. Исто како и наследството на претходно споменатите „традиционалисти“ и британецот учествуваше на рели натпревари со голем успех.
Се очекува компактниот електричен хечбек да биде лансиран следната година. MG вели дека целта не била да се рекреира минатото, туку да се позајми од него за да се изгради нешто со емоционална привлечност за денешницата со модерен, исклучително привлечен дизајн и електричен погон по пристапна цена.


