Модернизирана традиција
Вгодина на пазарот пристигнува кабриолетот со кого Кинезите ја продолжуваат британската традиција
Две години откако го покажа концептот, MG конечно ја подготви и сериската верзија на електричниот кабриолет Cyberster. Тој како спиритуален наследник на легендарниот MG TF треба да стигне во Европа идната година кога марката ќе прослави еден век постоење.
Кинезите останаа резервирани околу неговите карактеристики и кажаа само дека ќе биде со високи перформанси и дека ќе има најсовремени технологии. Од протечените информации се дознава дека ќе биде понуден во три верзии. Основната би имала еден електромотор, а двете посилни по два. За најмоќната се предвидуваат погонски 540 коњски сили, што делува ветувачки.
Дизајнот му е модерен со неколку стилски детали кои одаваат почит на минатите модели на британската марка. Во таков дух се изведени и меките линии на каросеријата и долгата хауба иако заради електричниот погон нема потреба од тоа. Специфичен е и задниот дел, покривот е од платно а атрактивноста ја дополнуваат вратите кои се отвораат нанагоре.
Интересен податок е и дека нарачки за него започнаа да се примаат уште кога беше претставен концептот. Според некои вести околу пет илјади купувачи во Кина веќе си имаат резервирано примерок за себе.














