MG 3 – Дебито закажано за Женева

Европскиот огранок на MG потврди дека новата генерација ќе започне да се продава наскоро

Третата генерација на MG 3 ќе дебитира на меѓународниот саем за автомобили во Женева на 26 февруари. Ова е прв пат MG да покаже било какви фотографии од модел што треба да се појави. Очекувано, хечбекот изгледа како бебешка верзија на седаните MG 5 и MG 7, усвојувајќи го најновиот стилски јазик на брендот.

Од оскудните фотографии се забележува дека е направен потполно нов дизајн каде предниот дел има остар нос и агресивни фарови. Профилот делува како да е извајан со заоблени карактерни линии. Назад има пар хоризонтално поставени задни светла и спортски заден браник. MG сè уште не покажа фотографии од внатрешноста. Кабината се очекува да ги содржи сите модерни удобности, со што ќе биде во тек со поновите ривали.

Според најновите извештаи, MG3 ќе биде опремен со хибриден погонски агрегат, кој ќе се состои од 1,5-литарски бензински мотор, еден електричен мотор и литиум-јонски батерии. MG 3 се очекува да биде пуштен во продажба во Европа, Велика Британија и азиско-пацифичките региони веднаш по неговото деби во Женева.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER