Daimler Truck го претстави Mercedes NextGenH2 кој како камион од следната генерација ќе користи водород како погонско гориво.
Го задвижуваат две единици горивни ќелии со вкупна системска моќност од 408 коњски сили сместени во просторот под кабината.
Во резервоарите за чие полнење се потребни само 10 до 15 минути собира 85 килограми течен водород, доволни за поминување преку илјада километри. Електричниот погонски дел презеден од eActros 600 располага со два електромотора со вкупно 503 коњски сили, батерии од 101 киловат-час, четиристепена трансмисија и бројни напредни безбедносни системи.
Се најавува производство на мали серија од по околу 100 единици кои од крајот на годинава ќе им бидат испорачувани на избрани клиенти.


