Mercedes S Class – На проверка

Вести

Повикани околу 1400 возила во сервисите!

Превентивна сервисна акција

објавено 16. јануари 2021

Само неколку месеци од претставувањето Mercedes повикува 1.400 возила од новата S-класа на проверка затоа што можеби имаат инсталирано неадекватно спони. Во случај на ненадејно големо оптеретување, ова може да ја наруши способноста за управување со автомобилот. Доколку е неопходна замена на елементите операцијата трае најмногу три часа. Сепак, прелиминарната проверка е толку едноставна што може да се одвива и вон сервисот. Од 1.400 примероци направени помеѓу јули и декември 2020 година, само околу 400 се кај клиентите, додека преостанатите возила се проверуваат директно кај продавачот.