Совршенство во секој милиметар
Тоа што Mercedes е за останатите, Maybach е за Mercedes, а најновиот модел со ознака V12 Edition, пак, е за останатите од понудата на штутгартската субмарка. Со други зборови, совршенство во секој поглед, на секој милиметра. Основа е S-класата но од неа се разликува како небо и земја. Има V12 мотор, шестлитарски твин-турбо со 612 KS и 900 Nm а се истакнува и со посебната двобојна каросерија. Но најмногу од сé со златните детали – познатиот амблем со двојното M поставено на задните столбови е опкружен со прстен од 24-каратно злато со дијамантна гравура. Тркалата се ковани, а впечатокот го заокружуваат изобилството хромирани детали. Се разбира во внатрешноста не се штедело на луксуз. Продукцијата е ограничена на 50 примероци а цената е поставена на 270.289 евра.


