Електричниот SUV официјално ќе биде претставен пред салонот на автомобилите во Минхен
Како вовед во тоа германскиот производител ни го покажа лицето на наследникот на EQC чиј целосен назив во согласност со новата номенклатура на марката е GLC with EQ technology. Но не е само името старо – големата маска која всушност и не е тоа нé враќа децении наназад во времињата кога W123 владееше со патиштата. Таа се состои од три реда светлечки елементи и исто така осветлена ѕвезда на средината.
Новиот SUV ќе биде поставен на MB.EA платформата и опремен со два електромотора со вкупна моќност од 490 KS. Силата ќе се пренесува преку двостепена трансмисија а батериите од 94,5 kWh ќе осигураат автономија од 650 километри. Максималната моќност на полнење од 320 kW ќе овозможи за 10 минути да се надополни доволно енергија за поминување 280 km.
Не е заборавена ни практичната страна на GLC EQ чиј багажник собира меѓу 570 и 1.740 литри, плус уште 128 напред. Опремен со воздушно ослонување, ќе може да влече приколка тешка до 2,4 тони. Внатрешноста засега останува тајна – најавен е само MBUX Hyperscreen од новата генерација.




