Мercedes – доаѓа нов SL

Вести

Актичка камуфлажа

Луксузното купе во финални фази на динамички тестирања

објавено 16. март 2021 март 2021

Mercedes-Benz ќе лансира целосно новиот SL кого го тестира во зимски услови, Овие фотографии сервираат вистинско мезе за љубителите на роудстерот сè уште е камуфлиран, но веќе може да се извлечат некои заклучоци. Металниот покрив што може да се ”соблече“, го карактеризира SL 20 години, сега повторно му отстапува место на класичната покривка од ткаенина. Со тоа не само што се постигнува потенка линија на покривот, туку и пониска силуета. Спојлер што може да се повлече го обезбедува потисокот при големи брзини како кај AMG GT. Потесното и многу похармонично тело сега нуди и две седишта за итни случаи зад возачот и совозачот. Mercedes-Benz сè уште нема кажано ниту еден збор за погонот, но едно е јасно, секој SL од следната генерација е AMG! Претпоставуваме дека опсегот на моторите ќе има од шест цилиндри до 4,0-литарскиот V8, додека претходниот V12 нема да има наследник. Сите типови SL се хибридизирани и опремени со деветстепен автоматски менувач, со погон на сите тркала што се нуди за прв пат, чија дистрибуција на моќност е целосно променлива. Мутацијата од булеварскиот крузер кон спортскиот автомобил AMG го прави SL вистински конкурент на Porsche 911 Cabrio, но исто така ќе се мери и со отворените верзии на BMW серија 6 и Lexus CS500. Светската премиера е планирана за летото, a се очекува Mercedes-AMG SL да биде достапен за нарачка од есен.