Првиот електричен караван на Mercedes има автономија од 761 километар
Кој вели дека долгите патувања не можат да бидат електрични? Mercedes им одговори на скептиците со претставувањето на Shooting Brake изведбата на новиот CLA. Планиран за пазарно лансирање идната пролет, тој ги спојува практичноста на каросеријата со електричните патувања во елегантно и складно пакување.
Темелен е на новата ММА платформа која ќе служи како основа и за хибридните изведби, има должина од 4,72 метри и багажен простор кој со соборување на задните седишта може да се растегне на 1.290 литри. Значајно за модерните номади е што може да влече приколка тешка до 1.800 килограми.
Погонски опции постојат две, со еден електромотор и 272 коњски сили и два електромотора со вкупно 353 коњи кои ги задвижуваат сите четири тркала. Батериите од 85 kWh подржуваат полначи од 320 kW што овозможува за десет минути да се дополнат за поминување 310 километри додека вкупната автономијата е декларирана на 761 km.
Опременоста е како што треба да се очекува од едно возило со трикрака ѕвезда па дури и повеќе – панорамскиот покрив на пример со електро-хроматско стакло за дел од секундата ја менува својата проѕирност. Цените не се објавени.





