Mercedes-Benz – Vision EQXX

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Аеродинамичен и ефективен

Според најавите на Mercedes, EQXX ќе биде најефикасниот електричен автомобил во светот!

Mercedes го претстави носачот на идната платформа за технологија на своите електрични возила. Студијата Vision EQXX во фокусот ја има аеродинамиката и долгиот дострел. На претставувањето е најавена амбицијата да може да помине повеќе од 1000 километри со едно полнење на батеријата, не само благодарение на неговиот коефициент на отпор од 0,17 што е за речиси 50 отсто подобро од EQS.

Во тестирањата на каросеријата забележани се  680 километри дострел со едно полнење на батеријата. Тоа е скоро 120 километри повеќе од кој било друг електричен автомобил тестиран досега. Mercedes-Benz Vision EQXX се смета за „најефикасен електричен автомобил во светот“ и се вели дека има стандардна потрошувачка помала од десет киловат часови. Погонската батерија има капацитет од речиси 100 kWh енергија, но таа е половина од големината и речиси една третина полесна од батеријата на EQS.

Ефикасноста на искористување на енергијата се најавува дека ќе биде 95 проценти. Соларните панели на покривот генерираат електрична енергија за дополнителен опсег до 25 километри. Седанот со меѓуоскино растојание од 2,80 метри има моќност на моторот од околу 150 kW (204 КС) е конструиран со употреба на лесни и одржливи материјали. Новиот едноделен дисплеј што се протега низ целата ширина на возилото делува како интерфејс помеѓу човекот и машината, додека софтверот на возилото за тестирање делумно работи со вештачка интелигенција. Во развојот на EQXX, кој тежи помалку од 1,8 тони, Mercedes се потпираше на своето техничко знаење од Формула 1 и Формула Е.

 

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER