Mercedes-Benz Vision EQ Silver Arrow :: Демонстратор на достигнувањата

Демонстратор на достигнувањата

Не беше главна премиера, но беше голема атракција во Париз
Објавено на 3 ноември 2018 година

Современата реинкарнација на сребрената стрела на Mercedes од славните тркачки времиња на марката како магнет ги привлекуваше погледите на посетителите на салонот на автомобилите во француската престолнина. Подготвена е наменски да ги демонстрира достигнувањата во технологиите, пред сé електриката. Погонската група располага со 750 коњски сили и батерии кои овозможуваат автономија од 400 километри. Значајно за неа е тоа што е составена од компоненти кои веќе се развиени и подготвени за производство. Во тоа лежи и скриената порака на овој спортски концепт. Тој треба да го најави пристигнувањето на најмалку 10 електрични возила на Mercedes во наредните три години.

Што се однесува до изгледот, тој е повеќе од привлечен. Со голема доза на футуризам но и некои стилски линии од сегашно време, овој 5,3 метри долг болид со едно седиште поседува каросерија од јагленородни влакна. Делумно покриените тркала се од 24 и 26 инчи, а за аеродинамиката придонесува и активниот заден спојлер. Дел од опремата во внатрешноста исто така се среќава кај денешните модели на марката. За некакво производство на овој атрактивен концепт нема ниту збор од Mercedes.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER