Mercedes-Benz GenH2 – 1.047 километри на водород

Горивните ќелии, по сé изгледа, се иднината на еколошкиот тежок транспорт

Прототипот GenH2 помина растојание од 1.047 километри на еден резервоар течен водород. Во двата резервоари имаше вкупно 80 килограми течен вододород  на температура од минус 253 Целзиусови степени. Тоа беше доволна количина експерименталниот влекач на Mercedes-Benz наречен GenH2 да го помине растојанието од  центарот за корисници во Ворт ам Рајн до Берлин.

Камионот со бруто маса од 40 тони беше целосно натоварен и растојанието поголемо од 1.000 километри го помина само со 80 килограми течен водород како гориво. Благодарение на особено добрата изолација на резервоарите на возилото, водородот може да се чува на иста температура доволно долго без активно ладење. Кога развива погони базирани на водород, Daimler Truck се фокусира на течен водород како најперспективен еколошки погон. Во оваа состојба на агрегација, изворот на енергија има значително поголема енергетска густина врз основа на волуменот во споредба со гасовитиот водород.

Ова значи дека може да се складира повеќе водород, што значително ја зголемува автономијата и му овозможува на возилото да има перформанси и дострел споредливи со оние на конвенционалните дизел камиони. Предноста на технологијата на водородни горивни ќелии е што нема потреба од батерии за складирање на струјата и инфраструктура на полначи. Тоа ги прави возилата со овој погон далеку поевтини и попристапни за широка употреба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER