Mercedes-Benz CLE – Две класи во една каросерија

Со претставувањето на CLE, Mercedes со еден модел ги заменува купеата на С и Е класата

Не е ниту C ниту E-класа, туку поставува свој стандард. Mercedes-Benz го именуваше своето ново купе CLE кое ќе се бори во два сегмента. Судејќи според последната буква во неговата ознака и димензиите, CLE е поблиску до Е класата отколку до памалиот С. Со вкупна должина од 4,85 метри подолг е од двата споменати претходници и тоа за 16,5 од С купе и 1,5 сантиметар од Е купе.

Воедно повисок е од C-Class, но понизок од E-Class Couné, додека меѓуоскиното растојание е малку пократко од E. CLE ги отелотворува класичните купе доблести со патничкиот простор поставен далеку зад предната оска, со силно закосено ветробранско стакло, а покривот е наведнат кон задниот дел. CLE има 12,3-инчен слободно стоечки, целосно дигитален дисплеј на инструменти и 11,9-инчен централен дисплеј во портрет формат во централната конзола, кој е свртен шест степени кон возачкото седиште.

Графиката на дисплејот и нивниот распоред се пренесени од C-Class, додека новите главни икони на централниот дисплеј беа неодамна претставени во новата E-Class. Сите мотори се благи хибриди од 48 волти и позајмени се од регалот на Е-Class. Ќе има бензинци и дизели а умерениот хибрид е засилен и додава 23 коњи. Почетен избор се дволитрените агрегати. Бензинецот е   CLE 200 (200 КС) а дизелот ја носи ознаката 220d (204 КС).

Тие го совладуваат спринтот до стотка за 7,5 секунди. Двата мотрори ја пренесуваат силата на задните тркала преку девет степен автоматски менувач додека посилните верзии  имаат можност за погон на сите тркала 4Matic. Тоа се однесува на CLE 300 со 258 коњи и CLE 450 со 381 КС кому му требаат само 4,5 секунди да забрза од мирување до 100 км/ч. CLE ќе биде достапен и како кабриолет, а комерцијализацијата е закажана за крајот на годината.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER