Mercedes-Benz CLA – Автомобил на годината во Европа

На големо изненадување на јавноста титулата европски автомобил на годината 2026-та ја освои Mercedes CLA.

По 52 години апстиненција Mecedes-Benz успеа повторно да ја освои оваа титула. Германскиот модел беше примарен избор на 22-ца од вкупно 59 члена на жирито составено од автомобилски новинари кои имаа право да распределат 25 бода на најмалку 5 финалисти, максимално 10 на еден.

Со освоените 320 бода тој оствари уверлива победа пред Škoda Elroq со 220 бода. Во конкуренција уште беа и Kia EV4, Citroen C5 Aircross, Fiat Grande Panda, Dacia Bigster и Renault 4. Оваа победа е втора за Mercedes во историјата на изборот – пред него титулата ја има освоено уште моделот 450 SE во 1974-та година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER