Renault Filante – Премиум на француско-корејски начин

Со харизматичниот Filante Renault сака да атакува во премиум сегментот. Во фокус се Азија, Блискиот Исток и Јужна Америка.

Filante треба да биде предводник на новата глобална гама на Renault со својот стил и технологија. Целта е да се консолидира брендот на клучните пазари во Азија и Блискиот Исток. Почнувајчи од лани па до 2027 година, Renault ќе лансира осум нови возила надвор од Европа, вклучително и пет во сегментите C и D, со цел да ја позиционира марката во сегментите што создаваат најголема вредност.

Амбицијата на Renault е една од секои три продажби надвор од Европа да биде за хибридно или електрично возило, во иста временска рамка. Filante е развиен и дизајниран од страна на Renault Korea. Позициониран е во сегментот Е и поставен над останатите кросовери на групацијата како што се Kardian, Duster, Boreal и Koleos.

На врвот на гамата, овој препознатлив и смел кросовер ги задоволува потребите на пазарите во Јужна Кореја, земјите од Персискиот залив и некои земји од Латинска Америка. Производството треба да започне во фабриката во Бусан во Јужна Кореја.

Renault е шкрт на технички податоци во оваа фаза, но нагласува дека Filante ќе користи надградена верзија на целосната хибридна E-Tech погонска единица која ќе испорачува 250 КС и комбинира динамични перформанси и ефикасност.

Овој премиум кросовер ќе биде лансиран во Јужна Кореја во март. Потоа започнува дистрибуцијата во дел од Латинска Америка (Колумбија, Чиле, Уругвај), а потоа во Заливските земји на почетокот на 2027 година.

Renault Filante ја симболизира индустриската и технолошката експертиза на Renault Korea, со дизајн и возачко искуство прилагодено на локалните очекувања.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER