Mercedes-Benz – Нови извори на заработка

Перформанси по нарачка

Лани Mercedes заработи милијарда долари на претплати на услуги во автомобилите

Мercedes ја заврши ланската година со бројки за кои секој менаџер сонува, приходите пораснаа за 12 отсто а профитот за дури 34 отсто. Германците сепак сметаат дека тие можат да бидат поголеми и во Америка лансираа нова услуга – кој сака повеќе коњски сили, ќе може да се претплати на нив. Ова го овозможува електричната архитектура на седан и SUV верзиите на EQE и EQS кои на тој начин добиваат по 60 и 80 коњи екстра.

Нивното испраќање во галоп ќе се врши со софтверска надградба од далечина, за што цената изнесува 60 долари месечно за помалите односно 90 за поголемите електрични модели. Кој сака може да си ги закупи на годишно ниво што ќе го чини дваесетина отсто поевтино, а постои опција и за трајно откупување на додадените коњски сили за 1.950 односно 2.950 долари.

Од Mercedes тврдат дека и покрај значително подобрите перформанси автономијата нема да биде загрозена, додавајќи дека ова е само една од услугите кои ги нудат по пат на претплата. Колку успешно покажува салдото на кое лани се собрани милијарда долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER