Mercedes-Benz – Милион проблеми меѓу ветераните

Achtung Baby!

Мерцедес-Бенц повикува на сервис речиси милион постари автомобили од целиот свет поради можни проблеми со засилувачот на сопирачките, соопшти компанијата. Поедини изведби на моделите ML, GL и R-Class произведени помеѓу 2004 и 2015 година се опфатени во повикот. Следејќи ги внимателно податоците добиени од анализата на дефектите, откриено е дека во некои од тие возила функцијата на засилувачот на сопирачките може да биде зафатена од корозија во зглобната област на куќиштето, велат од Mercedes. Ова може да резултира со зголемување на силата на педалата на сопирачките потребна за забавување на возилото и/или до потенцијално зголемено растојание за сопирање. Околу 70.000 од засегнатите возила се во Германија каде штутгартците веднаш се фатија за работа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER