Mercedes-Benz – јубилеј и премиера

Вести Занимливости

Зинделфинген слави

Најновата фабрика на Mercedes го призеведе јубилејниот примерок

објавено 15. февруари 2021

Првиот сериски произведен Mercedes-Maybach S-Class е 50 милиониттиот автомобил произведен од ”Штутгартската ѕвезда”. Ова претставува извонредно остварување бидејќи возилата на Mercedes-Benz се поврзуваат со луксуз и повисока цена. Во изминатите 75 години вкупно 50 милиони автомобили се произведени заедно со Smart каде прецизноста на изработката и квалитетот се на прво место. Благодарение на флексибилната структура и процеси глобалната мрежа на фабрики на марката се оптимално организирани и има можност за лесен и брз трансфер на производството во секоја фабрика посебно во зависност од побарувачката. Денеска е случај од една монтажна лента да излегуваат возила со различен погон и каросерии. Моменталниот фокус на ”Глобалната производствена мрежа” е имплементирањето на електричната мобилност. До 2022 ќе се појават вкупно шест нови модели од семејството EQ. Батериите за овие возила ќе се произведуваат на три континенти бидејќи се смета дека производството на батериите треба да се случува на локално ниво и тоа е клучниот фактор за успех. Тоа го потврдува постројката во Зинделфинген, попозната како ”Фабриката 56” отворена лани каде се произведува долгата верзија на S-Class, новиот Mercedes-Maybach S-Class а во иднина ќе им се придружи EQS.