Mercedes – AMG GT – Приклучен хибрид за врвни перформанси

AMG GT 63 S E-Performance ја повика  на помош електричната енергија да постигне 816 КС

Уште еден бисер со исполирани перформанси испорача спортското одделение на Mercedes. За оваа прилика AMG GT 63 го комбинира четири литарскиот V8 битурбо мотор кој има 612 КС поставен испод хаубата, со електричен погонски агрегат за задните тркала од 204 КС.

За потребите на електро-моторот интегриран е двостепен менувач и механички диференцијал за блокирање на задната оска. Заедно, ова резултира со системска моќност од 816 КС и огромен вртежен момент до 1.420 Nm. Забрзувањето ги исполнува очекувањата на најзагрозените октански поклоници. Моќното купе достигнува 100 км/ч за 2,8 секунди и има максимална брзина од 320 км/ч.

Системите како што е суспензијата AMG Active Ride Control со стабилизација на тркалата и активно управување на задната оска се наменети да обезбедат успешна рамнотежа помеѓу динамиката на возење и секојдневната удобност. Погонската батерија чиј капацитет е само 6,1 kWh служи повеќе како засилувач на силата отколку за електрично возење. Максималниот домет од 13 километри со нулта емисија го докажува тоа.

Може да се полни со наизменична струја преку вградениот полнач од 3,7 kW на станица за полнење, ѕидна кутија или приклучок за домаќинство. Со цел да се контролираат екстремните вредности на изведбата, стандардно се вградени керамички сопирачки со високи перформанси со фиксирани клешти со шест клипови на предните и пловечки клешти со еден клип на задните тркала.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER