Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe – интериер за иднината

Mercedes ја покажа внатрешноста на електричниот AMG GT 4-Door Coupe.

Базиран на концептот GT XX овој автомобил ќе има кабина проектирана како високоперформансен контролен центар со јасно ставен фокус на возачот.

Главна улога има таканаречениот AMG Race Engineer систем кој овозможува прецизно подесување на однесувањето на возилото со помош на три ротирачки контроли кои се наоѓаат на централната конзола. Со нив се регулираат одзивот на педалите, агилноста и влечната сила што му овозможува на возачот прилагодување на динамиката на автомобилот на својот стил на возење и условите на патот.

Кокпитот е целосно дигитален со централен екран свртен кон возачот, спортските седишта пружат силна бочна поддршка а атмосферата ја дополнуваат амбиенталното осветлување, панорамскиот покрив со променлива прозирност и новиот инфозабавен систем. Овој модел ќе биде поставен на нова 800-волтна платформа со батериски пакет интегриран во структурата заради зголемување на торзионата крутост и заштита при судари.

За поголема безбедност поседува активни системи за контрола на навалувањето во свиоци и управување на сите четири тркала. Каросеријата долга 5,2 метри е направена од алуминиум, челик и јагленородни влакна а надворешниот аудио систем имитира звуци на забрзување како кај бензинските возила.

Концептот има погонски склоп со три електромотори и 1.360 коњски сили а најавено е дека цел на Mercedes ќе биде серискиот модел до 100 километри на час да стигнува за помалку од 2,5 секунди. Ќе се произведува во фабриката во Зинделфинген а идната година ќе му се придружи и кросовер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER