McLaren – Solus GT

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Од видео игра до реалност

Првично „развиен“ за популарната аркадна игра Gran Turismo под името Ultimate Vision, сега се реализира во јаве како Solus GT.

Надвор од виртуелниот свет, хиперавтомобилот се нарекува McLaren Solus GT и за разлика од неговиот виртуелен близнак, кого го возат милиони страсни гејмери, со материјализираната верзија ќе можат да се играат само 25 ултра богати купувачи. Solus GT е придвижуван од 5,2-литарски атмосферски мотор со десет цилиндри, кој достига преку 10.000 вртежи во минута и тежи помалку од 1.000 килограми.

Повеќе од 840 КС го забрзуваат едноседот од 0 до 100 км/ч за околу 2,5 секунди и до максимална брзина од над 320 km/h. Влезот е преку хаубата што може да се лизга нанапред. Наместо централното возачко седиште, чија форма е индивидуално прилагодена на сопственикот, педалите се прилагодливи. Првото возило на клиентите треба да биде испорачано следната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER