Британците на изведбата GT му ја додадоа буквата S и направија неколку модификации
Стариот нов модел наречен е GTS. Тој во однос на претходникот има 15 коњи повеќе и десет килограми помалку. Четири литарскиот V8 турбо со 635 КС сега има тежина од 1.520 килограми. Ова резултира со водечка во класата сооднос моќност-тежина од 418 коњи на тон. Забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, а до 200 км/ч потребни му се 8,9 секунди.
Доработено е потпирањето на GTS кое може да се подигне за два сантиметри од подлогата за поудобно користење во градски услови. Од McLaren истакнуваат дека и брзината на кревање или спуштање на каросеријата трае само четири секунди што е повеќе од двапати побрзо од претходно.