McLaren – Artura

Вести Поглед во иднината

Високо перформансен хибрид

Знаење собирано 50 години

објавено 26. ноември 2020

Потполно нова од секој аспект, Artura го означува почетокот на новата ера на McLaren. Со електрифиокацијата е започнато во 2012. кога се појави хипер автомобилот Р1 хибрид. Сега прикаската ќе продолжи на едно повисоко ниво каде компанијата ќе го лансира High-Performance Hybrid во кого се вложени 50 години знаење кое производителот го акумулирал низ многуте предизвици пред кои се исправил во тркачките и сериските супер автомобили. Со Artura на сцена ќе стапи новиот компактен V6 бензински мотор со твин турбо чии перформанси се најавуваат еднакви на поголемите V8 со нагласено подобро однесување на мали вртежи. Artura ќе може да се движи само на струја во секој дневното исползување. Првиот примерок ќе биде направен врз новата платформа со архитектура оптимизирана за електрификација и изработена е во центарот за композити на компанијата. Заедно со карбонските материјали и намалувањето на тежината ќе профитира агилноста и динамиката која се очекува од McLaren. Премиерата на серискиот модел на Artura би требало да се случи кон средината на идната година.