Mazda – Zoom Zoom 2030

Вести насловна

Силен еколошки завет

СО2 на минимум

објавено 10. ноември

Во рамките на прославувањето на својата 100 годишнина, Јапонците ја започнуваат развојната програма „Одржлив зум-зум 2030“ со која  Mazda има за цел да ги намали емисиите на CO2 на компанијата за 50 проценти до 2030 година и за 90 проценти до 2050 година во споредба со нивото од 2010 година, при што ротациониот клипен мотор (Ванкел мотор) исто така презема нова улога како продолжувач на опсегот. Кога развива нови погонски концепти, Mazda се одлучува за пристап со повеќе решенија, кој ги зема предвид не само чистите електрични погони, туку и високо ефикасните, електрифицирани бензински и дизел мотори со внатрешно согорување. Тука спаѓаат, на пример, моторот Skyactiv-X, кој работи со особено чиста, хомогена мешавина и сегашниот дизел мотор. Стандардниот хибриден систем Mazda M генерира електрична енергија при забавување и ја складира во батерија. Оваа енергија потоа се користи за олеснување на моторот при забрзување или генерирање на напојување на системите со струја. Хибридниот систем се користи и во модели во комбинација со високо-компресиран бензински мотор Skyactiv-G.

Јапонците исто така планираат да развијат нова „Голема платформа“ со надолжно вградени редни шестцилиндрични мотори за поголемите модели, кои ќе бидат достапни како бензинци и како дизели. Дизел варијантата е ново развиена генерација на Skyactiv-D дизел мотор. Бензинските верзии, меѓу другото, ќе работат со процесот на согорување со компресија. Новите мотори со согорување треба да бидат електрично поддржани од хибриден систем. Производителот од Хирошима планира и хибридна plug-in верзија каде погонот се одвива или на задните или на сите четири тркала. Директорот за развој на технологија Кристијан Шулце гледа поголем потенцијал во иднина во моторот со ротационен клип изјавувајќи дека во идната варијанта на електричниот MX-30, што е потврдено за првата половина на 2022 година, моторот со вртлив клип е поврзан директно со генератор како дел од сериски хибриден систем за производство на електрична енергија и работи со постојани, ниски брзини како лесен и ефикасен продолжувач на опсегот. Дури се гледа светла иднина за моторот со ротационен клип откако ќе се воспостави водородна инфраструктура, бидејќи тоа е совршен мотор за внатрешно согорување на водород. Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид од согорување на фосилни горива во моторот е исто така една од основните идни цели на Mazda. Затоа компанијата соработува со Универзитетот Хирошима и Институтот за технологија во Токио од 2016 година во истражувачки проект кој се занимава со развој на течно биогориво неутрализирано со СО2 направено од вештачки израснати микро алги.