Mazda Vision-X Coupe (видео, фото-галерија)

Хибрид со ванкел мотор кој го чисти воздухот додека вози

Mazda храбро трга кон иднината – Vision-X Coupe е футуристички концепт кој сигурно ќе ја дефинира иднината на марката, не само дизајнерски. Станува збор за модел со два пара врати за кое Јапонците велат дека е кросовер купе заради што нагласува дека буквата X во ознаката се чита крос. Но ако нивната елоквентност во означувањето е дискутабилна, погонот не е – тој е плаг-ин хибриден со ротационен мотор и вкупно испалува 510 коњски сили. Плус и го чисти воздухот додека вози.

Визуелно овој концепт останува верен на Кодо филозофијата на дизајнот на Mazda која еволуираше со чисти и прецизни потези. Предниот крај има затворена маска со остри дневни и тенки главни светла додека профилот го красат елегантно затегнати линии без рачки на вратите и ретровизори. Покривот се протега во долг низок лак кој завршува со изразено вертикален заден дел со разиграни светла.

Внатрешноста ги спојува минимализмот и високите технологии и има дигитална инструменти табла со три тркалезни екрани во ретро стил надополнета со долг екран кој се протега централно и пред совозачот. Рачката на менувачот потсетува на бејзбол топче а задните седишта се единечни. Најпровокативен детаљ сепак е погонот кој комбинира турбо ванкел агрегат, електромотор и батерии кои овозможуваат автономија од 160 електрични километри. А кога пак вози на бензин благодарејќи на горивото на база на микроалги го лови јагленород диоксидот од издувните гасови и испушта воздух во атмосферата кој е почист од неа. Барем така велат.

Иако е прилично сигурно дека овој автомобил нема да заживее како сериски модел, можеме се обложиме дека во иднина ќе видиме многу што од него кај новитетите на Mazda.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER