Mazda – MX-30 e-Skyactiv R-EV

Враќањето на Ванкел!

Новиот кросовер е приклучен хибрид со ротационен мотор

На саемот на автомобили во Брисел Mazda го лансира новиот МХ-30 кој, барем за сега, ќе се продава само во Европа. Производителот вели дека новиот e-Skyactiv R-EV ги има сите употребливи вредности како својот потполно електричен брат пуштен во продажба во пандемиската 2020 година, но приклучниот хибрид на помош го има новоразвиениот ротационен мотор со зафатнина од 830 ццм и максималната сила од 74 КС ја развива при 4.700 врт/мин. Неговата улога е да биде генератор и автомотски се вклучува во зависност од стилот на возењето. Батеријата од 17,8 kWh го напојува електро моторот со сила од 125 kW. Кога батријата и резервоарот за гориво од 50 литри се полни можат да се поминат повеќе од 600 километри од кои 85 на струја. Според спецификацијата објавена од Mazda новата МХ-30 располага со вкупно 166 КС и 260 Nm што е повеќе од целосно електричната верзија, а емисиите на јаглерод диоксид се само 21 г/км. Полнењето е возможно на полначи со наизменична струја каде требаат 50 минути да се засити батеријата додека на брз полнач е двојно пократко. Дизајнерски МХ-30 го следи изгледот на останатите модели на куќата, а посебно емотивно делува отворањето на вратите во спротивен смер една од друга, веќе применет систем кај пензионираниот RX-7 кој, исто така, беше задвижуван од ротационен мотор. Токму поради тоа МХ-30 веќе го заработи својот прекар „RX-7 кросовер“. Во внатрешноста е присутна сета ергономија и удобство што се типични за Mazda, но и препознатливата тврдоглавост на употреба на помалку застарени решенија околу инфо забавниот систем. На некои европски пазари дистрибуцијата ќе започне од следниот месец додека за доаѓањето кај нас нема никаква прецизна информација. Цените започнуваат од 39.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER