Mazda Iconic SP – Japan Mobility Show 2023

Спортист за новата ера

Сегашната генерација на MX-5 се приближува до своја деветта година и природно е веќе да се поставуваат прашања за нејзиниот наследник

Но и за нејзината иднина воопшто, за што одговорот на Mazda пристигна во форма на електричен концепт со 370 KS и ванкел мотор кој ќе ја зголемува автономијата. Со тоа јапонските инженери ја задржаа тежината само 1.450 килограми, што директно ќе влијае на перформансите кои се очекуваат од ваков модел. Љубителите  на марката ќе ги радува и враќањето на светлата на извлекување, што можеби и беше инспирација за ознаката Iconic SP која му ја доделија.

Целосните детали за погонскиот склоп не се откриени, ама е најавено дека моторот кој ќе има два ротора ќе може да работи на водород додека ги полни батериите. Предност на ваквото погонско решение е и поголемата флексибилност во распределбата на тежината, што повторно позитивно ќе влијае на возните својства. Поголема слобода имаа и дизајнерите кои подготвија спортски автомобил со модерен но препознатлив облик чии гени директно влечат потекло од глобално најпродаваниот родстер.

Според прелиминарно објавените податоци Mazda Iconic SP има должина од 4.180 и широчина од 1.850 милиметри, што е за број повеќе од сегашниот MX-5. Поголемо е и меѓуоскиното  растојание кое изнесува 2.590 mm, но затоа височината е спортски ниска – само 1.150 mm, заради што вратите се отвораат под агол нанагоре. Дизајнерски се забележува сличност со лани претставениот дигитален концепт Vision Study, но јасно е дека до својот пак до серискиот модел ќе претрпи модификации, се надеваме не на сметка на елегантноста која не е нарушена со денес сеприсутната агресивност на спортските автомобили. Тоа подразбира и дека практичноста за секојдневна употреба ќе биде задржана, што впрочем како карактеристика е една од причините за глобалниот успех на сите генерации на MX-5 досега.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER