Седум седишта, електрификација и погон на сите тркала го карактеризираат најголемиот кросовер на Mazda. Како што обично бива, големите јапонски возила првично се лансираат на американскиот пазар. До таа традиција се држи и Mazda која го претстави своето најголемо до сега спортско-корисно возило во САД од каде очекува и најголем волумен на продажба.


