Само за Северна Америка
Првиот производ на Mazda од заедничката фабрика со Toyota ќе биде СХ-50
Моделската 2023 година ќе стартува со возбудливо спортско-корисно возило од таборот на Mazda. Новата фабрика во Хантсвил, Алабама е изградена на партнерска основа со Toyota каде ќе се произведуваат новите модели за Севрна Америка. Динамичните пропорции ги користат елементите на Kodo дизајнот кои во спрега со атрибутите што се очекуваат од марката формираат атрактивна целина.

Тенката, долга силуета и набилданата широчина одат во прилог на теренскиот карактер. СХ-50 стандардно ќе се испорачува со i-Activ погон на сите тркала и 2,5 литарски бензински Skyactiv мотори. Двата се впарени со шест степена автоматска трансмисија, а посилниот има турбо полнач. Планирано е електрифицирање чии детаљи ќе објават во тек на идната година, но се знае дека тоа ќе биде традиционален хибрид. Скроена за просторност и удобство внатрешноста ја дефинира високо ниво на завршна изработка која, заедно со инфо-забавниот систем, формира пријатен амбиент.

Функционалноста во багажниот простор е погодна за превезување на спортски реквизити, а со зајакнатите покривни носачи може да се натоварат поголеми предмети. Комерцијалната верзија на СХ-50 ќе биде лансирана во моделската 2023 година која, според американските производители, започнува во јуни 2022. Дали Mazda ќе ќе ги лови летните купувачи или ќе се стрпи до септември не е битно. Многу по важно е што од новата заедничка фабрика Mazda Toyota Manufacturing ќе доаѓаат уште возбудливи изненадувања.














