Mazda ја збогатува понудата на електричните возила, овој пат со кросовер со средна големина
Кога се во прашање електричните возила во фокусот се поинакви вредности отколку кај оние со мотори со согорување. Сега се зборува колкав капацитет имаат батериите, колкау време треба да се наполнат и колкави се мониторите во внатрешноста.
Па ќе почнеме со обратен редослед. Mazda CX-6e испорачува 258 КС и 290Nm вртежен момент на задните тркала. Моторот е напојуван од батерија од 78kWh и има автономија помалку од 500 км. Во внатрешноста 26 инчен екран на допир, повеќејазично препознавање на глас и пакет интелигентни безбедносни карактеристики обезбедуваат беспрекорно, безбедно и привлечно искуство при возењето, што го прави CX-6e смел чекор во електричната иднина на Mazda.
Моделот е развиен преку глобална соработка, читај дека има кинески гени, сосема новиот CX-6e го нуди препознатливото искуство при возење на Mazda. Забрзува од место до 100 км/ч за 7,9 секунди и достигнува максимална брзина од 180 км/ч. Максималната брзина на полнење со еднонасочна струја од 195kW резултира со време на полнење од 10-80% од само 24 минути.
Вградениот полнач поддржува трофазно полнење со наизменична струја од 11kW преку конектори од тип 2 за практично полнење дома. Покрај Wireless CarPlay и Android Auto, сосема новиот CX-6e има своја посебна апликација, со многу функции за далечинско управување, вклучувајќи споделување на Bluetooth клучеви и управување со полнењето на батеријата.
Секоја изведба има девет воздушни перничиња и мрежа од камери со висока резолуција, радар и ултразвучни сензори за подобрување на видливоста. Продолженото меѓуоскино растојание од 2.902 мм и кратките надвиснувања ги прикриваат разновидни можности за носење товар, при што багажниот простор од 468 литри се проширува на 1.434 литри кога вториот ред седишта се преклопени.
Новата CX-6e го внесува пристапот на Mazda ориентиран кон луѓето во електричната ера, комбинирајќи одличен дизајн, уживање во возењето и напредна технологија за европските клиенти проткаена со ефикасност и перформанси што ги очекуваат поклониците на електрификацијата.


