Премиера – Mazda 6e

Веќе подолго време Mazda  работи на зајакнување на својата електрична флота

Првиот обид со моделот МХ-30 не беше задоволувачки, пред се поради малата автономија, што резултира со прекинување на продажбата во САД. Јапонците се обратија кај Кинескиот партнер Changan Automobile со кого произведува автомобили за тамошниот пазар веќе 20 години.

Mazda EZ-6

Резултатот бргу дојде во форма Mazda EZ-6, седанот со средна големина кој беше претставен на Саемот за автомобили во Пекинг во април 2024 година. Истата соработка важи и за европската верзија на EZ-6 која на Стариот континент ќе се продава под името Mazda 6е. Овој модел е претставен на штотуку започнатиот саем во Брисел. Mazda6e може да се пофали со препознатливиот дизајн карактеристичен по едноставната и течна купеовска форма и должина од 4,92 метри.

Mazda 6e

Како што објави производителот Mazda6e има и паметни функции, вклучително и интелигентен погонски систем кој обезбедува поддршка за возачот, како и технологија за ублажување на несреќи и паметна кабина со гласовни команди, допири и контроли со гестови, а сето тоа е наменето да ја подигне границата за безбедност и удобност. Опремена е со батерија од 68,8kWh која треба да обезбеди автономија од 552 километри.

Mazda 6e

Mazda објави дека 6е располага со 258 КС и има 320 Nm вртежен момент, достига од мирување 100 км/ч за 7,6 секунди, а максималната брзина е 175 км/ч. Извесно е дека за пазарот во САД Mazda 6е ќе се произведува во Јапонија и ќе вградува батерии од Panasonic произведени во Јапонија. Продажбата треба за почне на почетокот на летното по цена за земјите на ЕУ од 45.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER